Со овие вредности воздухот во градот е категпоризиран како „нездрав“.
Веднаш зад Скопје е Приштина на 6 место, со индекс 161, Софија е на 11 место со вредност на индексот од 153 единици.
Листата на најзагадени градови ја предводат Делхи во Индија (225), Лахор (224) во Пакистан и Ханој (185) во Виетнам.
Пред три дена, Скопје беше најзагаден град во светот, кога, според платформата „Ај кју аир“ во главниот град беа забележани 263 единици штетни честички.
Во меѓувреме, од Град Скопје информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли.
Од власта со потсетување дека во сила се краткорочни и долгорочни мерки и со апел до локалните самоуправи да ги пуштат на терен општинските инспектори, особено во малите и средните претпријатија, а не само во оние кои имаат А и Б интегрирана дозвола.
Заменичката министерка за животна средина Ане Лашкоска, деновиве упати апел до општините и до сите надлежни институции да се вклучат во активностите за справување со загадувањето на воздухот.