На првото место е Сараево со многу нездрав воздух и индекс од 296 во однос на присуството на штетни честички.
Меѓу првите 10 од Европа, на второто место е Краков во Полска, со индекс од 198 единици, а трет е Ханој (196 ) во Виетнам.
Според податоците на табелата на „ајкјуер“ (IQAir), во 10 часот утрово од регионов, Приштина е на 19-то место, Софија на 22-ро, Букурешт на 23-то, Љубљана – 37-мо, Загреб -46-то место, Белград на 51-во и Атина на 87-мо место.
Специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „ајкјуер“ ги прикажува вредностите на аерозагаденост во реално време.