сабота, 27 јули 2024
ПМФЛ

Скопје го шокираше Шкупи на Чаир, Шкендија изби на второто место

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи беше апсолутен фаворит против Скопје, но со наведната глава го напушти теренот. Гостите со гол на Абази во 21. минута го добија мечот.

Струга ТЛ за осум минути постигна три гола против Академија Пандев и победи со 3-1, двапати погоди Ибраими и иедна Мухарем, голот за гостите беше дело на Ергемлидзе на почетокот од вториот дел.

На второто место изби Шкендија која со голови на Реџепи и Шаља беше подобра од Победа со 2-0.

Немаше голови на мечот меѓу Брегалница и Тиквеш. Вчера Македонија Ѓорче Петров со 2-1 го совлада Работнички.

Ова коло Силекс беше слободен.

Резултати:
Шкупи – Скопје 0-1
Струга ТЛ – Академија Пандев 3-1
Шкендија – Победа 2-0
Брегалница – Тиквеш 0-0
Македонија ЃП – Работнички 2-1
Силекс слободен

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ