петок, 18 октомври 2024

Скопје е на трето место во светот според аерозагадувањето, прогласени мерки во Струмица

Интернет страницата Ервижувал покажува дека околу 11 часот денеска Скопје се најде на третото место во светот според загаденоста на воздухот. Камерата на ЈСП од Водно покажува дека во градот има смог. А поради тоа што два дена по ред воздухот во Струмица е загаден над прагот од 150мг/м3, таму стапија во сила препораките за заштита на ранливите категории на граѓани, на кои им се препрачува без итна потреба да не изелгуваат надвор. Утрово над тој праг, покрај Скопје и Струмица, загаден е воздухот и во Кавадарци, Велес и Кичево, покажува интернет страницата waqi.info.

Објавено на

часот

Сподели

На мерно место во Струмица е надминат прагот на алармирање за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10), соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

„За градот Струмица стапуваат во сила препораки и мерки согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28 ноември 2017 година“, соопшти МЖСПП.

Во два последователни дена среднодневните концентрации се над вредноста од 150 mg/m3, односно на 5 февруари се измерени 165,83 mg/m3, а вчера 155.00 mg/m3.

Надмината е вредноста 150 mg/m3 согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање и согласно добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во соопштението.

За состојбата со квалитетот на воздухот зимава многу пишувавме, а и денеска го наоѓаме Скопје во врвот на листата на најзагадени големи и главни градови во светот. Околу 11 часот Скопје е на третото место, а како што МКД.мк објави ноќеска на полноќ, Скопје беше на петтото место во светот.

Ефикасни мерки за поздрав воздух, очигледно нема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ