сабота, 27 јули 2024

Скопје е на 11-то место во светот според загаденоста на воздухот, Сараево е сега на второ место

Попладнево според загаденоста на воздухот Скопје се најде на 11-то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад мегалополисот Калкута, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Објавено на

часот

Сподели

Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индусгтријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.

На осмото место се најде Белград, со податоци малку полоши од Скопје.

Мора да се признае дека загаденоста во Сараево е далеку повисока, но и во двата града демне опасноста од ПМ честичките, особено од тие поситните ПМ 2,5 кои лесно продираат во белите дробови и потоа во крвотокот.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ