сабота, 27 јули 2024
Отворена е истрага

Скопјани во БМВ криеле оружје и муниција

Објавено на

часот

Сподели

На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Оружјето и муницијата, се наведува во соопштението, биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во ќеса пред предното совозачко седиште.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ