сабота, 19 октомври 2024

Скопјани да платат данок на имот и фирмарина или ќе им бидат блокирани сметките

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Објавено на

часот

Сподели

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски, предупредуваат од Град Скопје.

Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми – http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/, како и преку телефонските контакти за данок на имот – 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546, за комунална такса-фирмарина – 02 3297-314, за присилна наплата – 02 3297-296  и 02 3297-298.

Од Град Скопје информираат и дека одговорни за даночно сметководство се Билјана Максимовска – [email protected], за данок на имот, Анита Наков – [email protected], [email protected] и за комунална такса – фирмарина, Ангелина Гиевска – [email protected].

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ