сабота, 27 јули 2024

Скопјанец и кочанчанец во Гостивар украле автомобил, сега се во полиција

Скопјанец и 18-годишен кочанчанец во Гостивар украле автомобил марка опел, но полицијата ги сочекала на наплатната рампа кај Тетово и ги привела.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, во 3.10 часот, на наплатната станица Тетово, полицијата ги лиши од слобода Р.К.(38) од Скопје и О.А.(18) од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило марка опел астра со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец, информира МВР.

Возилото било паркирано на ул. Кеј братство единство, со клучевите во брава.

Двајцата се задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ