сабота, 27 јули 2024

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа, сопругата и децата се во болница

Триесет и деветгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, а жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила по 2 часот по полноќ во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, автомобил марка рено лагуна со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ