сабота, 27 јули 2024

Скопјанец лажно се претставувал како полномошник на починат за да му ја „купи“ колата

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесла кривична пријава против И.Д. од Скопје осомничен дека фалсификувал исправа, соопштија од МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот, во својство на наводно ополномоштено лице од друго лице, кое било починато, да може да  управува патничко возило на подрачјето на државата и надвор од неа и да може да ги презема сите потребни работи врзани за регистрација и отуѓување на возилото, без валидно полномошно заверено кај нотар, на 17 мај 2023 со лажно прикажување на факти се обидел да склучи договор за купопродажба на возилото пред нотар за да може да го присвои“, се појаснува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ