„На 18 јуни 2024 година заради утврдување на идентитет полициски службеници го привеле пријавениот, кој се претставил дека е државјанин на Босна и Херцеговина и кој извршил илегален влез во државата. По преземени мерки било утврдено дека се работи за македонски државјанин С.К., кој бил баран по потерница врз основа на наредба од казнено – поправната установа Затвор Идризово“, информираа од МВР.