недела, 20 октомври 2024

Скопјанец ќе одговара откако полицијата му пронајде опремата за пакување на дрога

Скопската полиција ќе поднесе кривична пријава против 39 годишенскопјанец затоа што во неговиот дом но и во други помошни простории кај него била пронајдена марихуана како и опрема за пакувње на дрогата.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 19 август 2024 година во 22:35 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.. При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ