понеделник, 24 март 2025

Скопјанец измамен за 60.000 денари од продавач на лажен бренд

На 21.03.2025  во 19.40 часот  во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 60.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало. Но, подоцна, кога ја отворил кутијата со производите видел дека тие не се од брендот како што му кажало лицето, односно сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ