вторник, 25 јуни 2024

Скопјанец ги натепал сопругата и ќерката, а уништил и дел од покуќнината

Полицијата вчера уапсила скопјанец кој во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром, по претходна расправија, физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР), била оштетена и дел од покуќнината.

„На 21 мај 2024 во 12:25 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49 годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината, пишува во соопштението до МВР.

Оттаму дополнуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ