петок, 26 јули 2024

Скопјанец баран од Интерпол пробал да избега преку граница, го фатиле и го вратиле во затвор

На граничниот премин Табановце вчера полициски службеници привеле скопјанец баран со меѓународна потерница.

Објавено на

часот

Сподели

„На 28 мај 2024 во 15:45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л. од Скопје. При извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик“, наведува МВР во денешното соопштение.

Тој е предаден во СВР Куманово, а потоа и спроведен во затворот Скопје за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ