понеделник, 20 јануари 2025

Склучени договори за повеќе од 200 проекти за „унгарскиот кредит“

За повеќе од 200 проекти се склучени договорите со кои општините треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само за два ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. 

Објавено на

часот

Сподели

„Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи заради тоа што за повеќе од 200, од вкупно 288 проекти, што конкурираа да добијат средства од централниот буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два, од овие 288 договори, ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми во јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екномска експанзија на целата територија“, рече Перински во изјава за медиумите во Штип пред вториот консултативен состанок за предлог-измените на Законот за локална самоуправа.

Новиот повик се очекува да биде објавен на почетокот на февруари, а претходно во последната недела од јануари да помине на владина седница.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ