сабота, 27 јули 2024

Скандалозна одлука на Местаља, судијата свирна крај во тек на центаршут од кој Реал даде гол (ВИДЕО)

Дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид заврши со скандалозен крај, судијата му одзема два бода на кралскиот клуб откако свирна крај на секунда пред Белингем да даде гол.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид требаше да направи историски пресврт, никогаш немаа победено на Местаља кога губеле со 2-0, но судијата дозволи тоа да се случи.

Брахим Дијаз центрираше и во тој момент судијата свирна крај, топката дојде до Белингем кој постигна гол и почна да се радува, но судијата сугерираше дека веќе е завршен натпреварот.

Мешаницата по мечот долго траеше, а Белингем доби и црвен картон откако му рече нешто на судијата.

Претходно Валенсија со голови на Дуро и Јаремчук водеше со 2-0, а Винисиус со два гола изедначи на 2-2.

Ова беше посебен меч за Винисиус кој на претходниот дуел на Местаља трпеше расистички навреди од навивачите на Валенсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ