Скандалот во Калчото со обложување се проширува, откако на почетокот од неделава беше објавено дека се води истрага против Николо Фаџоли од Јувентус, попладнево две звучни имиња се нашле на тапет.
Станува збор за Сандро Тонали од Њукасл и Николо Заниоло од Рома, полиција попладнево го посетила тренинг кампот на „аѕурите“ и разговарале со двајцата играчи. За предметот бил задолжен истиот обвинител кој го води случајот на Николо Фаџоли.
Поради ваквиот развој на настаните, Тонали и Заниоло го напуштиле собирот на Италија и се испратени дома, нема да настапат против Малта и Англија во квалификациите за ЕВРО 2024.