сабота, 19 октомври 2024

Скандалот во Италија добива нови димензии, се обложувале преку 10 фудбалери!

„Ла Република“ објавува дека повеќе од десет играчи од Серија А се обложувале, истрагата се продлабочува, скандалот добива пошироки размери.
 

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна се појави вест дека играчот на Јувентус, Николо Фаџоли е под истрага поради обложување на фудбалски натпревари.

Вчера беше покрената истрага и против Сандро Тонали и Николо Заниоло поради што и двајцата си заминаа од тренинг кампот на италијанската репрезентација.

Утринава „Ла Република“ излезе со сторија дека се води истрага врз повеќе од десет фудбалери од Серија А кои се обложувале, еден од нив е соиграч на Фаџоли од Јувентус.

Истрагата трае веќе неколку недели. Од подеталните информации се знае дека Фаџоли потрошил околу 100.000 евра на обложување во изминатите 18 месеци.

Фудбалерите кои ќе бидат прогласени за виновни ги чека огромна казна, суспензија од најмалку три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ