сабота, 27 јули 2024

Скандал со прислушување ја тресе изборната кампања во Бугарија

Протекоа снимки на политичари од либералната бугарска партија Ги продолжуваме промените во кои се слуша дека партијата има „кеш на располагање“, со што е разнишана изборната кампања во Бугарија, но и Европската Унија бидејќи изборите за Европскиот парламент се закажани истиот ден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката од состанок од пред една година се слуша како функционери на партијата разговараат за тоа како да ја финансираат својата кампања за парламентарните избори во април 2023 година.

Асен Василев, еден од лидерите на партијата поврзана со либералната политичка група во Европскиот парламент Да ја обновиме Европа и досегашен министер за финансии, на снимката вели дека имаат „многу неофицијални пари во готовина“.

„Немаме што да криеме – не ги украдовме ние парите во вреќи од (изградбата на) автопатите, не уценувавме и не изнудувавме компании“, соопшти партијата Ги продолжуваме промените.

Партијата сепак не објасни што се подразбира под „неофицијални пари во готовина“, наведува Еуроактив.

„Состаноци на политичката партија се прислушувани. Ако контраразузнавачката служба ДАНС и други специјални служби навистина не се вклучени, очекуваме и нивна реакција“, додаде партијата.

Предизборните анкети покажуваат дека Ги продолжуваме промените ќе го заземе второто место на парламентарните избори, со 17,5 отсто од гласовите.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, чија партија е фаворит со поддршка од 27 отсто, ги обвини Ги продолжуваме промените за купување гласови и перење пари.

Бугарија влезе во политичка криза по падот на проевропската влада на премиерот Николај Денков во април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ