четврток, 30 мај 2024
Пцовки, навреди, туркање и влечење

Скаданл во ЛШ: Провокаторот Мбапе предизвикал тепачка по крајот на натпреварот Барса-ПСЖ

Весникот Мундо Депортиво објави дека настанал општ хаос во тунелот кон соблекувалните по крајот на натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ, главен виновник бил Килијан Мбапе, кој ги испровоцирал „каталонците“ со еден коментар.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ во вторникот славеше со 1-4 на гостувањето на „Монжуик“ и ја елиминираше Барселона во Лигата на шампионите.

Радоста на гостите беше огромна, а како што пренесува Мундо Депортиво, оредени играчи малку претерале со славјето, па настанал општ хаос во тунелот кон соблекувалните.

Во главна улога бил Килијан Мбапе, кој на шпански викал на цел глас „Ова е фудбал, и треба да зборуваме на теренот!“.

Играчите на Барселона ова го протолкувале како провокација, па тргнале да се пресметуваат со напаѓачот.

Мундо Депортиво пишува дека во мешаницата учестувале преку 60 луѓе (играчи, луѓе од тренерскиот персонал и обезбедувањето), биле разменети навреди и пцовки, дошло до туркање и влечење, но не се случил посериозен физички контакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ