сабота, 27 јули 2024

Ситуацијата во Европа налага заедништво, кажа Петровска во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на македонското Министерство за одбрана се вели дека двајцата министри се согласиле дека безбедноста и стабилноста на регионот е заеднички приоритет на Македонија и на Бугарија и дека затоа и двете сојузнички земји ќе продолжат интензивно да соработуваат на планот на одбраната

Министерката Петровска порачала дека новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка меѓу сојузниците за што поцврста колективна безбедност, како и целосна интеграција и заедништво.

„Членството на Северна Македонија во НАТО беше одлука која денес, во изменетата безбедносна архитектура се докажа како визионерска и историска, и беше поддржана од сите земји членки на НАТО. Денес Северна Македонија придонесува за стабилноста и безбедноста, а Република Бугарија на западната граница има сосед кој и е сојузник, сосед со кој заедно ја градат колективната безбедност”, кажала министерката Петровска.

Македонската министерка потенцирала дека постојат многу други можности кои треба да бидат развиени, особено во доменот на резервните сили. 

„Бугарските војници беа дел од големите вежби во Северна Македонија во текот на 2019 и 2021 година што се покажа како одличен начин за размена на искуство, но и зголемување на интероперабилноста помеѓу двете армии и во тој контекст упатив и покана за подготовка на заедничка вежба помеѓу двете армии која би се одвивале на тренинг центарот Криволак во Република Северна Македонија, тренинг центар кој се уште се развива, но ги развива своите капацитети за да ги задоволи потребите на Армијата во Република Северна Македонија и да пружи можност и за сојузничките сили. На овој начин всушност покажуваме дека градиме силно сојузништво и ја зацврстуваме регионалната безбедност”, рече министерката Петровска.

Министерот Заков истакнал дека оваа средба е исклучителен знак за тоа дека двете земји како земји членки на НАТО имаат исклучително важна улога во регионот, во поддршка на стабилноста и безбедноста. Порача дека главната и за идните поколенија е Балканот вклучувајќи го и Западниот Балкан никогаш повеќе да не биде споменуван „како буре барут“..

Заков информирал дека во финална фаза е договарањето за дообразување на воени лекари во Военоморското училиште во Варна и на ВМА во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ