вторник, 14 мај 2024
Премиерлига

Сити се намачи против Нотингем Форест но го задржа чекорот со Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше со 0-2 на гостувањето кај Нотингем Форест, Гвардиол и Халанд донесеа три бода и помогнаа „граѓаните“ да го задржат чекорот со Арсенал.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал и Манчестер Сити се одвоија на врвот на табелата во Премиерлигата, по победата на „топчиите“ против Тотнем, Манчестер Сити попладнево го задржа чекорот откако го совлада Нотингем Форест.

Избраниците на Пеп Гвардиола можеби не одиграа најдобро, но на крајот ги однесоа трите бода.

Јошко Гвардиол го отвори резултатот во 32. минута, по еден корнер, Хрватот скокна највисоко на првата статива и со глава ја затресе мрежата за 0-1.

Нотингем Форест потоа пропушти неколку шанси за изедначување, а казната стигна во 71. минута, кога Халанд доби топка во фор, убаво се намести на шут и погоди за 0-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ