понеделник, 21 октомври 2024
Нов голем трансфер во Саудиска Арабија

Сити потврди, Марез за 30 милиони му стана соиграч на Алиоски во Ал Ахли

Објавено на

часот

Сподели

Ријад Марез е нов соиграч на Езгјан Алиоски, Манчестер Сити попладнево го потврди трансферот на Алжирецот во Ал Ахли.

По пет години на Етихад, Ријад Марез се реши за промена на средината откаку доби понуда од Саудиска Арабија да заработува околу 25 милиони фунти по сезона (одредени извори пишуваат за многу поголема сума) и тригодишна соработка, со опција за додатни 12 месеци.

„Граѓаните“ од продажба на Ријад Марез ќе инкасираат околу 30 милиони фунти.

„Имав пет незаборавни години во овој клуб, работев со неверојатни играчи, фантастични навивачи и најдобриот тренер во светот. Имам спомени за цел живот, и начинот на кој стигнавме до титулите во Премиерлигата, битките со Ливерпул и Арсенал, само покажуваат каков победнички менталитет имаме и желба да бидеме најдобри. Манчестер Сити секогаш ќе биде огромен и среќен дел од мојот живот“ – вели Ријад Марез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ