сабота, 27 јули 2024

Сити на крилјата на Фоден со пресврт го победи Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 3-1 го победи Манчестер јунајтед во големото гратско дерби, а Фил Фоден беше фудбалерот кој го инспирираше пресвртот.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед имаше фантастичен почеток на дербито, со спектакуларен гол на Рашфорд поведоа со 1-0 уште во осмата минута.

Но, Манчестер Сити беше тимот кој доминираше во текот на целиот меч, Јунајтед беше повлечен.

Во финишот од првото полувреме Халанд промаши неверојатна шанса, празен гол пред себе.

По десет минути игра во второто полувреме Фоден постигна прекрасен гол од далечина за 1-1.

Во 80. минута по едно одлично проигрување од Алварез, Фоден погоди и за комплетен пресврт, Сити поведе со 2-1.

Точка на мечот стави Халанд со гол во 91. минута од натпреварот. Конечниот резултат беше 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ