сабота, 27 јули 2024
Хрватот е пред рекорден трансфер на „Етихад“

Сити го прави Гвардиол најскап дефанзивец во светот за да заштеди десетина милиони

Објавено на

часот

Сподели

Јошко Гвардиол е топ трансфер цел на Пеп Гвардиола за засилување на одбраната и голем број на извори пренесуваат дека Хрватот е многу блиску до преселба на „Етихад“.

Од таборот на РБ Лајпциг не сакаат да ги потврдат информациите, но признаа дека речиси сигурно ќе останат без услугите на дефанзивецот.

„Можам да потврдам дека Јошко Гвардиол и неговите агенти не известија за желбата да се пресели во Манчестер Сити. Во преговори сме со клубот од Англија. Ова е се што можам да кажам во овој момент“ – рече спортскиот директор Макс Еберл.

Се говори дека двата клуба ќе си подадат рака за зделка од 100 милиони евра. Со вакви бројки, Манчестер Сити ќе го направи Јошко Гвардиол најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот.

Но еден ваков трансфер ќе значи и заштеда од десетина милиони евра, во договорот на Јошко Гвардиол следното лето се активира откупна клаузула од 110 милиони евра, па тој за 12 месеци ќе чини уште повеќе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ