сабота, 27 јули 2024
„Граѓаните“ ја започнале правната битка против Премиерлигата

Сити ги оспори обвинувањата за прекршување на правилата за ФФП но и судијата – бил навивач на Арсенал!

Објавено на

часот

Сподели

Во февруари месец, Премиерлигата покрена обвинение против Манчестер Сити, „граѓаните“ преку 100 пати ги прекршиле правилата за финансиски фер плеј. Се говореше дека клубот од Етихад може да се соочи со сериозни последици, од одземање на бодови па до преселба во пониските лиги.

Според пишувањата на Тајмс, Манчестер Сити ја започнил правната битка против Премиерлигата.

„Граѓаните“ ја оспориле правната издржаност на обвинувањата како и главниот судија на независната комисија.

Станува збор за Мари Роузен КejСи, Манчестер Сити смета дека има конфликт на интереси бидејќи судијата е навивач на Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ