петок, 26 јули 2024

Сите се победници во Авицена женската трка како поддршка на заболените од мултиплекс склероза

Трета година по ред, а годинава три илјади и петстотини учеснички на Авицена женска трка дадоа поддршка на жените со мултипла склероза, со поставување на портокаловата панделка како симбол на овие жени. Целта на оваа трка е да се сврти вниманието кон поддршка на жените кои се соочуваат со мултипла склероза (МС), бидејќи МС три пати почесто се дијагностицира кај жените наспроти мажите,соопштија од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза

Објавено на

часот

Сподели

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај луѓето. Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки во  мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација, што води до прекин на невротрансмисијата на сигналот од една нервна клетка до друга, објаснуваат од Националното здружение.

„Во Македонија од МС боледуваат околу 1.500 лица додека во светот има повеќе од 2,8 милиони лица. Многу е веројатно дека стотици илјади лица остануваат недијагностицирани и многу животи се индиректно зафатени. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 година, и околу три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи“, велат од здружението.

Причината за МС сè уште не е позната и досега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на лицата со МС да ја стават болеста под контрола и постојат многу опции за подобрување и управување со симптомите, велат од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Годинашната трка ја поддржаа и од Детската клиника кои трчаа под мотото „Трчам за децата со цистична фиброза“.

„Оваа година, трката се одржува на Светскиот ден на здравјето – 7 април. Клиниката за детски болести настапува како тим составен од педесетина лекари и друг медицински персонал. Тимски работиме на сите пациенти со оваа болест, да им биде обезбедена рана дијагноза и да им биде овозможен најсовремен третман“, изјави директорката на клиниката, Валентина Цвејоска Чолаковска.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Градот, денеска во главниот град се одржува 12. издание на „Авицена женска трка“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ