сабота, 27 јули 2024

„Сите се дрогирани“: Стаорци во полициска станица во Њу Орлеанс јадат запленета марихуана

Официјални лица на полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) објавија дека во просторијата за докази, во седиштето на полициските сили на тој град, се појавиле стаорци кои ги јадат доказните материјали, меѓу другото, и марихуаната.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Стаорците ни ја јадат марихуаната. Сите се дрогирани“, рече началничката на полицијата Ен Киркпатрик на состанок на градскиот одбор за кривична правда во понеделникот.

Проблемот не е ограничен само на просторијата за докази, бидејќи некои вработени тврдат дека пронашле измет од стаорци на масите, пренесува Си-би-ес њуз.

„Во истата зграда не работат клима уредите и лифтовите“, истакна Кикпатрик, додавајќи дека лицемерно е да се каже дека градот се грижи за вработените, додека тие работат во несанитарни услови.

Членовите на Советот на седницата на Управниот одбор во понеделникот гласаа за одобрување закуп за нова зграда на НОПД. Новиот 10-годишен закуп ќе го чини градот 670.000 долари месечно, што е сепак поевтино од 30 милиони долари што би ги чинело за да се поправи сегашното седиште, рече Гилберт Монтано, главен административен директор на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ