39-от претседател на Соединетите Американски Држави почина на 29 декември на 100 години во својот роден град Плејнс во Џорџија. Претседателот во заминување Џо Бајден одржа говор за својот колега демократ на државниот погреб во Вашингтонската национална катедрала.
President-elect Trump arrives at the funeral of President Jimmy Carter, followed by former Presidents Obama, Bush and Clinton. pic.twitter.com/GTort2M4NT
— CSPAN (@cspan) January 9, 2025
Присуствуваа и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, и неговите претходници Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон. Сите беа придружувани од своите сопруги, освен Обама. Во друштвото на петте живи американски претседатели беше и потпретседателката Камала Харис, која лани ги изгуби изборите од Трамп.
What are they saying? Trump and Obama spotted sharing a laugh at Jimmy Carter’s funeral.
‘Is Joe coming?’
‘Who?’ pic.twitter.com/JO7aANourC
— RT (@RT_com) January 9, 2025
Пред погребот, Трамп се ракуваше со својот поранешен потпретседател Мајк Пенс. Ова е прв пат тие двајца да се видени заедно во јавност откако ја напуштија Белата куќа во 2021.
Пенс потоа стана жесток критичар на Трамп и одби да го поддржи тврдењ
ето на Трамп дека му се украдени изборите во 2020. Трамп пред погребот разговараше со Обама.
The belly tap is remarkable pic.twitter.com/bxj3wEETh2
— Reese Gorman (@reesejgorman) January 9, 2025
Бајден во говорот порача дека Картер го научил на важноста на однесувањето „кон сите со достоинство и почит“. „Млади луѓе, сите кои бараат смисла и цел, проучете ја силата на примерот на Џими Картер. Карактер, вера, љубов – вистински патриот“, кажа Бајден.
You just know Hillary Clinton is sitting there at Jimmy Carter’s funeral thinking about the fact that she will never be president, and that the only reason people will show up at her funeral is to make sure she is actually dead. Bill looks like he is counting the days. pic.twitter.com/w6gVMCNnbo
— JR (@Bzzjr) January 9, 2025