Летот на Џеџу Ер 7Ц2216, кој доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот, се обидел да слета околу 9:00 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја.
Спасувачите извлекле двајца членови на екипажот од авионот со сериозни повреди, а локалните здравствени власти велат дека се свесни.
„Тој е целосно способен да комуницира“, рече директорот на болницата Џу Вунг, за едниот преживеан, а потоа додаде: „Нема индикации за губење на меморијата или нешто слично“.
Преживеаниот, кој претрпел повеќекратни скршеници, добива посебна нега поради ризик од последици, вклучително и целосна парализа, додава новинската агенција.
Боинг 737-800 на Џеџу Ер на лет од Бангкок, Тајланд се обидел да слета без тркала, се лизнал од пистата, удрил во ѕид и се запалил.
Шефот на пожарникарите на градот рече дека иследниците се обидуваат да утврдат дали удар на птици и временските услови се можни причини за несреќата. Јонхап цитираше претставник на аеродромот кој вели дека удар на птици е можна причина за дефект на опремата за слетување.