сабота, 19 октомври 2024

Сите комбинации пред последното коло во групата Б

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжение ги даваме сите можни комбинации за исходите од двата последни дуели од група Б, како и комбинациите на секоја од четирите селекции околу тоа со колку бодови евентуално би заминала во втората фаза.

Македонија

– Нашите ракометари мора да ја победат Чешка за да го продолжат настапот на ЕП во Белград, во спротивно ги пакуваат куферите и се враќаат во Скопје.

– Ќе продолжиме со еден бод во втората фаза доколку ги победиме Чесите, а Германците одиграат нерешено или, пак, победат со Шведска.

– Најдобрата варијанта за Македонија е да ја совладаме Чешка, а Шведска да ја победи Германија. Во тој случај во следната рунда би пренеле цели три бода и потоа, со малку среќа, би ни бил отворен патот кон полуфиналето.

 Германија

– Германците се враќаат дома ако загубат од Шведска, а Македонија ја победи Чешка.

– Одат понатаму со нула бодови доколку загубат од Шведска, а Чешка и Македонија одиграат нерешено или, пак, триумфираат Чесите.

– Одат понатаму со два бода доколку ја победат Шведска, а Чешка слави против Македонија или, пак, се случи реми на оваа средба.

– Одат понатаму со три бода доколку играат нерешено со Шведска, а Македонија ја победи Чешка.

– Најдобрата варијанта за Германија е да ја победат Шведска, а Македонија да триумфира против Чешка. Тогаш тие во втората рунда би пренеле четири големи бода.

Чешка

– Тие се надвор од натпреварувањето доколку загубат од Македонија, а Германија освои најмалку бод против Шведска.

– Поминува во следната рунда со нула бодови доколку загуби од Македонија и ако Шведска ја победи Германија.

– Одат во Белград со два бода, ако вечерва одиграат нерешено или победат против Македонија, без разлика на епилогот од дуелот помеѓу Шведска и Германија.

Шведска

– Оди понатаму со четири бода доколку ја совлада Германија, а Чешка ја победи или одигра нерешено со Македонија.

– Пренесува три бода во Белград ако одигра нерешено со Германија, а Чесите ремизираат или ја победат Македонија.

– Пренесува три бода ако ја совлада Германија, а Македонија ја победи Чешка.

– Продолжува со два поени ако изгубат од Германија, а Чесите освојат најмалку бод со Македонија.

-Продолжува со два бода ако одигра нерешено со Германија, а Македонија ја совлада Чешка.

– Поминува понатаму со еден бод ако загубат од Германија, а Македонија ја победи Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ