среда, 30 октомври 2024
Реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“

Сите дела на Судскиот совет од разрешувањето на Дамева до денеска се ништовни

Откако Весна Дамева денеска се врати на чело на Судскиот совет, а по пресудата на Управниот суд кој одлучи дека Дамева била незаконски разрешена од функцијата во мај 2023 година реагираа од Коалицијата „Сите за правично судење“ според која сите одлуки од разрешувањето на Дамева до денес се ништовни.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„На денешната седница Судскиот совет констатираше престанок на мандатот на претседателот на Советот и ја спроведе одлуката на Управниот суд.
Во оваа насока, сакаме да потенцираме дека ништовноста на одлуката за разрешување, ги прави ништовни и сите дела, права и обврски засновани врз ништовниот акт, што меѓудругото ја вклучува и одлуката за избор на нов претседател. Оттука нејасно е како Советот констатираше престанок на мандат кој се смета дека никогаш не започнал да тече“, реагираат од Коалицијата „Сите за правично судење“ по денешното враќање на Весна Дамева на чело на Судскиот совет, а по пресудата на Управниот суд кој одлучи дека Дамева била незаконски разрешена од функцијата во мај 2023 година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ