недела, 16 март 2025

Систина се вклучува во третманот на повредените во пожарот во Кочани

Клиничката болница Аџибадем Систина соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде што ќе се преземаат тешко повредени пациенти“, наведуваат од болницата.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ