вторник, 5 ноември 2024
Левица го повика министерот Филков да иницира измени во КЗ

Системските пропусти деновиве дозволија убиство на уште една жена

Системските пропусти деновиве дозволија убиство на уште една жена, реагираат од Левица и додаваат дека причините за фемицид се исти, убиствата сѐ почести, а властите упорно не наоѓаат за сходно нашето законодавство да го насочат кон искоренување на очигледниот суштински проблем.

Објавено на

часот

Сподели

„Постојниот Кривичен законик за случаи на телесна повреда при вршење насилство врз жена или семејно насилство предвидува гонење по предлог на жртвата. Ова им остава простор на жртвите под притисок од насилникот, под страв или како резултат на психичко растројство од извршеното насилство – да ја повлечат пријавата, да се прекине постапката и извршителот на насилството да остане без казна, на слобода, претставувајќи закана за жртвата. Затоа, го повикуваме Министерот за правда од Знам, Игор Филков без одложување да иницира измени на Кривичниот законик, во насока на запирање на овој монструозен хаос поради кој жените се обесхрабрени да го пријавуваат насилството. Потребни се мали измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет“, се вели во реакцијата на Левица.

И убиството на 29-годишната штипјанка е последица на низа насилства од страна на (сега веќе) убиецот којшто претходно бил пријавуван пред надлежните институции, но бидејќи  жртвата го повлекувала предлогот – постапките запирале и насилникот останал неказнет, за сега да еволуира во убиец, додаваат од партијата.

„Токму тоа го покажуваат и анализите – само 2% на насилство се пријавува кај надлежните институции, а и оној мал број на пријави не завршуваат соодветно, поради повлекување на предлогот од страна на жената-жртва на насилство и запирање на постапката. Жените жртви на семејно насилство не смеат да останат незаштитени и сами во нивната институционална борба против насилникот, која што борба пак, де факто значи борба за живот. Законодавството и надлежните мораат да се постават на страна на жртвата и да создадат безбедна средина, искоренувајќи ја храброста на насилниците да се претворат во потенцијални убијци“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ