четврток, 24 октомври 2024

Сирски за ситуацијата на фронтот во Украина: „Тешко е, непријателот постојано напаѓа“

Шефот на украинската армија, Олександар Сирски и министерот за одбрана, Рустем Умеров ги посетија воените команди во близина на линијата на фронтот за да го анализираат бојното поле и да ја зајакнат одбраната, бидејќи Украина објави дека минатата година го зголемила производството на оружје за три пати.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Армијата на Киев ги засилува напорите за одбивање на руските сили додека инвазијата на Москва ја одбележува својата втора годишнина.

„Детално ја анализиравме моменталната ситуација и разговаравме за неопходните понатамошни чекори, пред се за заштитата на силите од напади со беспилотни летала и воздушни бомби, како и за зајакнување на одредени области на фронтот“, објави Сирски на Телеграм со слики од него и Умеров на средба со команданти.

„Ситуацијата е сложена и бара постојан мониторинг. Непријателот постојано врши напади врз позициите на нашите војници“, напиша Сирски на својот канал на Телеграм. Шефот на украинската армија не прецизираше кога се случила посетата.

Руските сили го зазедоа стратешки важниот украински град Авдијевка минатата недела по повеќемесечна операција и вршат притисок врз неколку други области долж линијата на фронтот, соопштија украинските власти.

Министерот за стратешка индустрија, Олександр Камишин, денеска во Киев објави дека Украина тројно го зголемила производството на оружје минатата година и дека сега во одбранбениот сектор на земјата работат 500 компании.

Тој објасни дека оваа бројка вклучува 100 државни и 400 приватни компании и дека Украина планира „значително да го зголеми производството на муниција“ оваа година.

Украинскиот министер за дигитална содржина Михаило Федоров изјави дека 90 отсто од беспилотните летала што се користат на бојното поле против руските сили се произведени во Украина.

Министерот за одбрана Умеров изјави дека околу 50 отсто од западното оружје не пристигнува навреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ