вторник, 22 октомври 2024

Сирски: Украина формираше воен штаб во руската Курска област

Врховниот командант на украинската војска Олександр Сирски денеска објави дека Киев формирал воен штаб во окупираната руска Курска област, каде што украинските војници продолжуваат да напредуваат и покрај засилените руски напади на источна Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одиме напред во Курската област. Создадена е воена команда која мора да го обезбеди редот и сите потреби на локалното население“, рече Сирски во писмена изјава на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека со штабот ќе раководи генерал-мајор Едуард Москаљов, пренесува Ројтерс.

Сирски го информирал претседателот Володимир Зеленски, во видеото објавено од украинскиот лидер, дека украинските војници досега напреднале 35 километри во Курската област, окупирајќи 82 населени места и површина од 1.150 квадратни километри.

Зеленски навести и други можни офанзивни дејства на руска територија.

„Мораме јасно да гарантираме на законодавно ниво дека нашите воини, кои учествуваат, на пример, во Курската операција и кои ќе учествуваат во сите наши други акции на територијата на државата агресор, ќе ги добијат апсолутно сите планирани исплати и бенефиции“, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм.

Русија денеска објави дека ќе ја зајакне својата гранична одбрана откако стотици илјади луѓе добија наредба да се евакуираат од регионот Курск по упадот на украинските војници на 6 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ