сабота, 27 јули 2024

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, при што се повредени тројца цивили

Објавено на

часот

Сподели

„Израелскиот непријател изврши воздушен напад со неколку проектили кои доаѓаа од правец на северен Либан, насочени кон неколку позиции во близина на градот Хомс“, јави официјалната агенција САНА.

„Тројца цивили се повредени, цивилна бензинска пумпа е запалена, а изгореа повеќе цистерни со гориво и камиони“, додава агенцијата, додавајќи дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала дел од проектилите.

Според Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ), организација со седиште во Обединетото Кралство со широка мрежа на извори во Сирија, „израелските проектили уништија складиште за муниција на воениот аеродром Дабаа, што му припаѓаше на либанскиот Хезболах“. Без извештаи за жртви, ОСДХ извести за „силни експлозии“ и пожари.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади, главно насочени кон силите поддржани од Иран и Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ