четврток, 26 септември 2024

Сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски проектили над Тартус, каде што се наоѓа руска воена база (ВИДЕО)

Сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски ракети над пристанишниот град Тартус, каде што се наоѓа руска воена база.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сириските сили пресретнале најмалку два израелски проектили, а во градот на брегот на Средоземно Море одекнале повеќе експлозии, пренесува Ројтерс.

Тартус е вториот по големи крајбрежен град во Сирија. Се наоѓа релативно блиску до границата со Либан и израелските напади се релативно ретки. Во градот се наоѓа и единственото медитеранско пристаниште на руската морнарица.

Израел во моментов е фокусиран на новата и проширена офанзива против Хезболах на југот на Либан. Од почетокот на нападите на израелската војска, повеќе од 550 лица се убиени во Либан и илјадници се ранети.

Се стравува дека конфликтот би можел да се рашири по целиот регион, особено ако во него се вклучат шиитските паравоени групи од Ирак и Сирија и ако Техеран директно се вклучи во борбите во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ