сабота, 27 јули 2024

Сириска државна телевизија: Во израелски воздушни напади погодени се аеродромите во Дамаск и Алепо

Сириската државна телевизија објави дека Израел ја нападнал земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат, главните аеродроми во главниот град Дамаск и северниот град Алепо биле цел на израелскиот напад.

Локалниот медиумски канал Шам ФМ објави дека сириската противвоздушна одбрана била активирана како одговор на нападот.

Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади, објавија сириските државни медиуми.

Според нив, пистите се оштетени, а сѐ уште не се знае дали има жртви.

Според сѐ уште непотврдени информации, нападот се случил непосредно пред иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан да слета во Дамаск, па неговиот авион се свртел и се вратил во Техеран.

Сирија и Израел се гранатираа меѓусебно во вторникот, откако израелската влада соопшти дека неколку минофрлачки ракети биле истрелани врз северен Израел од Сирија.

Минофрлачките напади од Сирија се претежно симболични и ретко предизвикуваат штета на Израел.

Двете земји се во судир повеќе од половина век – откако Израел беше основан во 1948 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ