Во соопштението на министерството, пренесено од новинската агенција САНА, се вели дека укинатите ограничувања вклучуваат налози за апсење, покани, известувања и забрани поврзани со избегнување на задолжителната и резервната воена служба.
Сирија по 8 декември претрпе големи политички промени по соборувањето на владата на партијата Баас и семејството Асад, кое владееше од 1963 година.
Башар ал Асад побегна во Русија, а оттогаш преодната влада во Сирија ја води претседателот Ахмед ал Шара, кој исто така ги предводеше антивладините сили во соборувањето на Асад.