вторник, 22 октомври 2024

Сирени во Тел Авив, Хезболах тврди дека го гаѓал израелскиот главен град

Во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад, по што либанското исламистичко движење Хезболах објави дека со „ракетна салва“ ја бомбардирало областа Нирит во предградието на тој израелски град.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската армија (ИДФ) објави дека од Либан биле истрелани околу 20 ракети, пет кон централен Израел и 15 кон северот, пишува Гардијан.

Хезболах соопшти дека со „ракетна салва“ ја нападнал базата Глилот на воената разузнавачка единица 8.200 во предградието на Тел Авив. Исто така, беше кажано дека цел била и поморска база во близина на Хаифа. ИДФ соопшти дека засега нема пријавени жртви.

Делови од пресретнатите ракети паднале врз градот Маган Мајкл на северот на Израел, предизвикувајќи штета, јавуваат израелските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ