петок, 26 јули 2024

Затворенички во „Идризово“ запалиле ќебиња и душеци, сирени на пожарната го кренаа на нозе затворот

Пожар ноќеска избувнал во женското одделение во затворот во Идризово. Настанот го потврди и МВР од каде што велат дека по интервенција на пожарна, огнот бил изгаснат.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен“, велат од МВР.

Четворица вработени во затворот во Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение од затворот, потврди заменик-директорот на затворот Феми Јонузи.

Тој вели дека според информациите што ги има, пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Здравствената состојба на четворицата вработени, како што изјави, е стабилна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ