сабота, 27 јули 2024

Синсинати пост, 17 јули 1903: Македонскиот лидер Делчев беше убиен, Баница запалена, селаните масакрирани

Мислам дека само децата, овчарчиња, кои беа надвор од Баница кога Турците го убија македонскиот лидер Делчев, останаа единствените преживеани од селото. Ова на 17 јули 1903 година го објави дописникот од Софија на Синсинати пост, весник од американската држава Охајо. Тој го пренесува разговорот на Џон Мек Доналд, дописник на Лондон дејли њуз, со еден од преживеаните од четата на Гоце Делчев, Димитар Аџидимов (Diimitri Ajidimoff).

Објавено на

часот

Сподели

Дописникот на Синсинати пост објавува дека за време на акцијата на 3 мај 1903 година Турците го опколиле селото селото Баница, а селаните ги построиле близу селото на една полјана.

„За време на борбата, рано утрото наредниот ден, во обид да избегаат од селото за да не бидат убивани селаните, шестмина од четата и Гоце Делчев биле убиени. Биле убиени и најмалку петстотина жени, деца и мажи, жители на Баница. Осуммина од нас успеавме да се повлечеме во шумата каде што сретнавме десетина овчарчиња од селото, кои веројатно беа единствените преживеани од Баница“, раскажал Аџидимов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ