понеделник, 16 декември 2024

Синот на Роберт Кенеди ќе го предизвика Бајден во трката за претседател на САД

Објавено на

часот

Сподели

Благајникот на неговата кампања, Џон Е Саливан, ја потврди пријавата во средата. Кенеди е отворен борец против вакцините. Инстаграм го отстрани неговиот профил во 2021 година поради „постојано споделување на демантирани тврдења“, соопшти компанијата.

Американскиот претседател Џо Бајден посочи дека ќе се кандидира за реизбор, иако сѐ уште официјално не ја објавил својата кандидатура.

Претходно се очекуваше тој да ја започне својата кампања на почетокот на април, но главните соработници велат дека неговата временска рамка се променила.

Си-би-ес њуз соопшти дека се очекува тој официјално да ја објави својата кандидатура на почетокот на летото.

Минатиот месец, друга демократка, Маријана Вилијамсон, влезе во претседателската трка.

Во март Кенеди на Твитер објави дека размислува да се кандидира за претседател.

„Ако се кандидирам, мој главен приоритет ќе биде да се стави крај на коруптивната врска помеѓу државната и корпоративната моќ што ја уништи нашата економија, ја скрши средната класа, ги загади нашите пејзажи и води, ги труе нашите деца и ни ги одзеде нашите вредности и слободи“, напиша тогаш Кенеди.

Кенеди пред публиката во Њу Хемпшир во март изјави дека ја „поминал најголемата пречка“, а неговата сопруга дала зелено светло за трката.

Како ко-основач на адвокатска фирма за заштита на животната средина, Кенеди доби пофалби за кампањата за прашањата како што се чиста вода, вклучително и работата за чистење на реката Хадсон во Њујорк.

Но, неговите ставови против вакцините допираат од минатото и предизвикаа силни реакции, вклучително и од неговото семејство.

Во 2021 година, неговата сестра Кери Кенеди го нарече „многу опасен“ по ова прашање.

Тројца други членови на семејството напишаа авторски текст во Политико во 2019 година, осудувајќи ги ставовите на Кенеди против вакцините.

Неговата сестра Кетлин Кенеди Таунсенд, братот Џозеф П. Кенеди Втори и внуката Мејв Кенеди Мекин изјавија дека неговите ставови се „трагично погрешни“ и имале „смртоносни последици“.

Во 2022 година, Фејсбук и Инстаграм ги отстранија профилите на групата против вакцинација основана од Кенеди, „Детска здравствена одбрана“, поради „повторено“ прекршување на политиката на компанијата за медицински дезинформации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ