сабота, 27 јули 2024

Синот на портпаролот на Путин: Се борев со Вагнер во Украина, тоа беше моја должност (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Синот на портпаролот на Кремљ за Комсомолскаја Правда изјави дека бил со Вагнер и служел во Украина речиси шест месеци, пишува Би-би-си.

„Тоа беше моја должност, не можев да седам настрана и да ги гледам пријателите и другите како одат во Украина“, рече тој.

Приватната војска Вагнер е обвинета за воени злосторства и злоставувања во Украина. Меѓу платениците на Вагнер, илјадници осуденици се регрутирани од затворите, откако групата претрпе големи загуби. Ретко се случува член на руската елита да одлучи да му се придружи на Вагнер. Многумина од нив заминаа во странство за да избегнат регрутирање во редовната војска.

Николај Песков, познат и како Николај Чолс, течно зборува англиски бидејќи во своите млади денови поминал неколку години во Лондон. Работел како дописник за руската државна телевизија РТ.

И тој и неговиот татко се под американски санкции. Во интервју за прокремљскиот дневен весник Комсомолскаја Правда, тој кажал дека негова одлука била да му се придружи на Вагнер, но не знаел како да го направи тоа. „Затоа му се обратив на татко ми и тој ми помогна“, вели помладиот Песков.

Тој рече дека користел лажна лична карта за Вагнеровите платеници да не дознаат за неговите врски со Кремљ. Тој не го откри лажното име во интервјуто, бидејќи, како што рече, можеби ќе треба повторно да го користи. Би-би-си не можеше да го потврди неговото тврдење дека служел со Вагнеровците.

Тврдењето на Николај Песков се совпаѓа со големата акција за регрутирање на нова војска, при што руските државни огласи ги повикуваат мажите да ја извршат својата „патриотска должност“ за време на „специјалната воена операција“ во Украина. Десетици илјади мажи ја напуштија Русија минатиот септември за да избегнат регрутирање откако Путин најави делумна мобилизација.

Николај Песков не откри каде точно служел во Украина. Шефот на Вагнер Пригожин за руските медиуми изјави дека Песков, откако ѝ се приклучил на групата со лажни документи, поминал тринеделен курс за обука. Пригожин изјави дека Песков бил во Луганск и дека покажал храброст и херојство „како и сите други“.

Пригожин тврди дека портпаролот на Кремљ побарал од него да го земе неговиот син како обичен стрелец. Николај Песков изјави дека годинава добил медал за храброст. „Тоа се случи откако целиот мој тим постигна подвиг, но не можам да кажам повеќе од тоа“, рече Песков.

Минатиот септември Николај Песков беше мета на шега во живо на Јутјуб. Новинарот Дмитриј Низовцев, соработник на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, му се јави на Песков и рече дека тој е воен офицер за регрутирање. При тој повик Песков изгледаше како да не сака да оди во војна, пишува Би-би-си.

Низовцев со агресивен тон го праша зошто не се појавил во московскиот регрутен центар. Николај Песков нервозно му одговори: „Јас сум господин Песков, треба да знам што се случува и кои се моите права“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ