понеделник, 21 октомври 2024

Синот на Леброн е пуштен од болница, не е во животна опасност

Објавено на

часот

Сподели

Неговата состојба била стабилна и опасноста по живот е минато, велат лекарите.

„Благодарение на брзата и ефективна реакција на медицинскиот персонал, лечењето на Брони Џејмс од изненадниот срцев удар беше успешно“, објавиле од болницата, додавајќи дека момчето сега ќе продолжи да се рекуперира во домашна нега.

На Брони Џејмс му се слошило за време на тренинг во вторникот и добил акутен срцев удар и само поради брзата и навремена реакција неговиот живот беше спасен. Тој е прва година на колеџот УСЦ и планира кошаркарска кариера во НБА-лигата, но сега сите амбиции мора да бидат ставени на пауза, барем додека биде утврдено дали овој случај беше само акутен или е сигнал за некој поголем проблем. Од болницата велат дека ќе му бидат направени уште неколку тестови и испитувања со цел да се утврди причината на овој срцев удар.

Ќе наполни 19 години во октомври, по што ќе ги исполни условите да биде драфтуван во НБА-лигата, а неговиот татко веќе имаше изразено желба еден ден да игра во ист тим со синот. Леброн се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка нему и на неговото семејство во последниве три дена.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои праќаа пораки со љубов и молитви до моето семејство. Ве чувствувавме сите и многу сум ви благодарен. Нашето семејство е заедно во овие моменти, сигурни сме и здрави, ја чувствуваме вашата љубов. Ќе кажеме повеќе за се ова кога ќе бидеме подготвени, а сега сакав само да ви кажам колку многу ни значи вашата поддршка“, порача Џејмс преку социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ