петок, 18 октомври 2024
Тешка ситуација со среќен крај

Синот на Леброн добил срцев удар на тренинг и веднаш бил префрлен во болница

Објавено на

часот

Сподели

На Брони Џејмс му се предвидуваше голема кариера, а Леброн чекаше заедно да заиграат во НБА па да се пензионира. Но по синоќешниот настан нејасно е дали ќе ја продолжи кариерата.

За време на вчерашниот тренинг, Брони Џејмс добил срцев удар, за среќа лекарскиот тим брзо реагирал и го реанимирал кошаркарот. Најлошто било спречено, по што тој бил префрлен во болница.

„Брони Џејмс на вчерашниот тренинг доживеа акутен срцев удар. Медицинскиот персонал мораше да реагира и да го однесе во болница. Тој сега е во стабилна состојба и повеќе не е на одделението за интензивна нега. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството Џејмс и ќе ги ажурираме медиумите на оваа тема веднаш штом ќе стане достапна. Леброн и (сопругата) Савана би сакале јавно да им се заблагодарат на медицинскиот персонал и тренерскиот персонал на Универзитетот во Јужна Калифорнија за нивната неверојатна работа и посветеност да ги зачуваат спортистите безбедни“, се вели во соопштението на семејството на „Кралот Џејмс“.

Нејважно за Брони сега е да закрепне од ударот. Различни се ситуациите со спортистите кои имале проблем со срцето, некои продолжиле да играат, а други ја завршиле кариерата. Позитивен пример е Кристијан Ериксен кој продолжи да игра на највисоко ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ