петок, 26 јули 2024

Синер верува дека Ѓоковиќ ќе биде подготвен и за Вимблдон

Јаник Синер е новиот лидер на АТП листата откако Новак Ѓоковиќ поради повреда прерано го заврши учеството на Ролан Гарос.

Објавено на

часот

Сподели

Врз српскиот тенисер беше извршена операција поради која ќе биде надвор од теренот извесно време.

Се прогнозира дека тој ќе го пропушти Вимблдон, но ќе биде подготвен за Олимписките игри во Париз.

Сепак, Синер верува дека Ѓоковиќ ќе игра и на Вимблдон.

„Мислам дека Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон. Негова цел е да се врати на теренот што е можно побрзо и мислам дека ќе успее во тоа во Лондон“, кажа Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ