петок, 18 октомври 2024

Синер: Сега знам кој ми е пријател, а кој не ми е

Тенисерот број еден на АТП листата, Јаник Синер е во центарот на вниманието поради допинг скандалот поради кој остана без 400 бодови од Индијан Велс и мораше да врати 300.000 долари, но не доби суспензија.

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделник тој го почнува настапот на УС Опен, а неговите редовни прес-конференции кои мора да ги одржи изобилуваат со прашања за аферата.

Синер не добил суспензија затоа што докажал дека не е виновен за примената недозволена супстанца, тоа било од лек кој го користел некој од неговите тренери во вид на спреј, па сосема мала количина влегла и во телото на тенисерот.

„Ситуацијата е многу проста, тогаш кога не известија дека сум позитивен, прво што моравме да направиме е да дознаеме за која супстанца се работи. Умберто добро го знае целиот процес и точно знае што внесувам во себе, има високо образование во областа на фармацијата и го прашав него. Веднаш знаеше дека во прашање е неговиот спреј, знаеше и како е внесен во моето тело и се обративме до антидопинг агенцијата за да објасниме што се случило поради што постоеше шанса да продолжам да играм тенис“, вели Синер.

Многу тенисери се побунија бидејќи на Синер беше прифатена жалбата, а на останатите тенисери кои биле суспендирани во минатото не им било прифатено образложувањето.

„Ја разбирам фрустрацијата кај некои тенисери, но можно е причина за нивната суспензија да е тоа што не знаеле од каде потекнува супстанцата во нивното тело. Ние бевме директни, јас бев суспендиран два-три дена, не можев ни да тренирам, но брзо ми беше прифатено објаснувањето. Вака дознав кој ми е пријател, а кој не бидејќи моите пријатели знаат дека никогаш не би направил нешто лошо“, објасни Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ